Добредојдовте во светот на сенаменската машина за пијалоци. Добредојдовте во Нектар Натура центар за пијалоци.
Бидете уверени за пијалоците кои им ги служите на вашите гости. Дозволете ни да создадеме сируп прилагоден на вашите потребите што носи свежина и одличен вкус од природните овошја до чашата на вашиот гостин.
Персонализирани сирупи за системи за точење и пијалоци со бескомпромисен квалитет
Во нашиот центар за пијалоци, секогаш ја гледаме големата слика. Не се работи само за системи за точење за сок или апарати за кафе – се работи за решенија за доручек. Со нудење на самоуслуга или бар-станици за пијалоци ние нудиме оптимизација на вашиот работен тек, подобра контрола врз потрошувачката и пониска цена на пијалоците. Секој нов пијалок е создаден врз потребата на клиентот. Фокусирајќи се на целокупниот ефект, нашите сили се насочени кон искусување на совршената комбинација од арома, текстура, свежина, сладост и киселост на пијалокот.
Да поедноставиме – ние сме во потрага за совршени сирупи за пијалоци за да ги задоволиме вашите, на вашите гости и нашите очекувања.
Локално работење – На ваше располагање во преку 20 земји
- Андора
- Австрија
- Белгија
- Босна и Херцеговина
- Бугарија
- Хрватска
- Р. Чешка
- Кипар
- Франција
- Германија
- Грција
- Унгарија
- Италија
- Северна Македонија
- Црна Гора
- Оман
- Полска
- Португалија
- Романија
- Србија
- Словачка
- Словенија
- Шпанија
- Шведска
- Турција
- Италија
- Швајцарија
- Холандија
- Обединети Арапски Емирати
- Малдиви
Бенефиции на Нектар Натура Партнери
Интерни истржувања и развој на пијалоци и системи за точење
Двете наши лаборатории за пијалоци и системи за точење работаат заедно за да создадат оригинален вкус. Добро познати вкусови секогаш свежо сервирани и со точна температура за вашите гости.
Високо квалитетни состојки
Овошјето кое го користиме е секогаш внимателно избрано, ако е возможно од локално потекло. Постојано сме во потрага и увоз на најдобрите овошја од целиот свет – со цел да се користи најдоброто.
Потполна сигурност на нашите производи
Во нашиот тим се професионалци за храна со долгогодишно искуство кои работаат со највисоки хигиенски стандарди во процесот на производство. Тимот за технички развој се грижи за безбедно дистрибуирање до чашата на вашиот гостин.
Партнери од почеток
Години во оваа сфера не научија како да ги обезбедиме најдобрите можни решенија за Вас. По детална анализа на вашето барање, ќе го обезбедиме вистинскиот систем за точење на сок за Вас према вашиот ентериер.
Тука сме за вас 24/7
Ние сме тука во секоја држава и регион каде Ви сме потребни.Толку едноставно. Покрај постојаните одржувања и проверки, можете секогаш да го побарате нашиот локален доставувач или колега на теренска служба за да ви помогне кога нешто неочекувано ќе се случи.
Намалете ја стапката на јаглерод и добијте повеќе простор за складирање
Со замена на вашите тетрапак пакувања и шишиња со кеси во кутија, можете да го намалите трошокот за достава и стапката на јагледор за 80%. Покрај тоа, просторот за складирање ќе ви стане попростран.
Станете наш партнер и корисник на сирупите на Нектар Натура направени по мерка на Вашите потреби.
Контактирајте не преку меил info@kafeavtomati.mk, јавете се на +38970262461
или нарачајте ја вашата презентација со пополнување на формуларот подолу.